Најдобар начин да научиш нешто ново е ако тоа го искусиш лично.
Бизнис симулациите се користат кога сакаме да предизвикаме промена. Тие се забавни, ги поврзуваат учесниците, ги предизвикуваат. Учесниците ќе носат одлуки и ќе се натпреваруваат за победа, за предизвик… или од некоја друга поголема идеја. На крајот – сите победуваат, бидејки симулацијата не е само игри. Таа е искуствено учење, во кое создаваме вистински ситуации од работното место, и им даваме на луѓето можност да ги тестираат своите вештини и знаења, да направат грешки, во забавна и безбедна средина.
Примена на бизнис симулациите за:

Ги издвојуваме следните симулации за развој на бизнис вештини.
+
Експедиција Монт Еверест
Kреирање на заедничка визија за успех во тешки услови и став дека се е возможно.
1. Подобрување на планирањето и стратегијата
2. Донесување тимски одлуки и решенија
3. Градење доверба за заеднички успех
4.Работа под притисок и кратки рокови
+
Навигатор
Научете како да се справите со безмилосната конкуренција, непредвидливот пазар, недостатокот на информации, високите очекувања од сопствениците и нереалните барања од клиентите.
1. Подобро разбирање на потребите на клиентите
2. Оптимизација на продажната и маркетинг стратегија
3. Развивање на врвна услуга и доверба со клиентите
4.Подобрување на продажбата и преговарањето
+
Ладна војна
Дури 60% од тимовите не успеваат да ги исполнат зацртаните цели. Каде е проблемот?
1. Подобрување на тимската соработка
2. Решавање на конфликтни ситуации
3. Распределба на тимските улоги и одговорности
4.Постигнување тимска усогласеност
+
Командер
Колку добро менаџерите ја разбираат својата улога во развојот на организацијата, културата и луѓето? Лидерството е влијание, ништо повеќе, ништо помалку.
1. Инспиративно лидерство и визија за успех
2. Градење моќна компаниска култура
3. Подобрување на релациите во тимот
4.Реорганизација на процесите и улогите
+
Инова
Иновирај еднаш и ќе добиеш конкурентска предност. Иновирај постојано и ќе постигнеш доминација на пазарот. Иновативните компании се 4 пати попрофитабилни од конкуренцијата.
1. Развој на култура и компетенции за иновации
2. Креирање на иновативна бизнис стратегија
3. Подобрување на дизајнот на производите и услугите
4.Намалување на отпадот и подобрување на квалитетот
+
Доминион
Создадете конкурентска предност и целосна доминација на пазарот симулирајќи 4 години во само 5 часа! Преговарање. Продажба. Партнерства.
1. Стратегии на додадена вредност за клиентот
2. Развој на конкурентна предност на пазарот
3. Подобрување на интерните процеси
4.Фокус на активностите и зголемување на ефикасноста
Информирај се повеќе за бизнис симулации
Споделете ги вашите потреби, а ние со задоволство ќе ви понудиме повеќе информации. Без обврзување!