Агилност. Континуирано подобрување и развој во VUCA светот.

Дали сте спремни за промена кон агилност?
Дозволете ни безбедно и практично да ве запознаеме со моделот на организациска агилност и адаптација на агилните принципите за подобрување на резултатите и перформансите. Со нашите решенија ќе го поставите темелот за трансформација кон агилната култура, со постојан мониторинг на прогресот и контролинг на критичните бизнис цели. Во фокус е развојот на агилните компетенции на вработените, што е овозможено преку програмите на нашите партнери од ICAgile.com,  интернационалниот конзорциум за заштита на бизнис агилноста.

Сите наведени програми се моментално најпопуларните и најдобро платени професии во модерните организации, како агилен коуч, агиленHR, агилен лидер, итн. Со секој завршен тренинг се стекнувате со титула (ICP, ICP-ORG, ICP-LEA, ICP-AHR, ICP-ATF, ICP-ACC) и диплома.

+

Основи на агилност

Како да бидеме конкурентни во услови на криза и променлива економија? Како да ги адаптираме компаниите кон новите технологии, предизвици и барањата на клиентите и вработените?

1. Градење култура на агилност
2. Интеракции помеѓу луѓето
3. Агилен развој на продукти
4. Планирање и адаптација
+

Агилност во HR

Заврши времето во кое луѓето ги третиравме како ресурси и резервни делови. Модерните организации се фокусирани на градење одлични услови за своите вработени, нивен постојан развој, мотивација и добросостојба.

1. Орг.дизајн, улоги и кариерни патеки
2. Градење орг. кои постојано учат
3. Привлекување таленти и мотивација
4. Орг. култура и мерење перформанси
+

Дизајн на агилни организации

Традиционалните пирамидални организации постојат речиси 200 години. Но новиот свет изискува дизајн на адаптабилни организации налик на мрежи, по примерот на човечкиот мозок или интернетот. Само на тој начин, компаниите ќе бидат успешни во 21 век.

1. Важноста на адаптибилните орг.
2. Динамика, одговорност, автономија
3. Разбирање на мрежните орг.
4. Патување кон орг. адаптибилност
+

Агилна фасилитација

Агилните рамки како Скрам, Канбан… поседуваат прецизно дефинирани улоги, процеси и заложби за кои тимовите треба да се држат за да ги испорачат посакуваните резултати. Но и покрај тоа, кога се работи за фактор човек и комплексноста на интеракциите, треба да се развиваат компетенции кои успешно ќе фацилитираат со луѓето и нивните интеракции во рамките на тимот.

1. Градење на агилен мајндсет
2. Основи на тимска фасилитација
3. Водење тимски настани и состаноци 
4. Менаџирање на тимски конфликтиАг
+

Агилно лидерство

Многу години во фокусот на традиционалните менаџери беше растот на продуктивноста и профитабилноста. Новото време покажува дека без иновации и соработка не можеме да успееме и затоа идните лидери треба да развиваат нови компетенции и нови уверувања во своите организации.

1. Нови орг. уверувања и компетенции
2. Развој на личната агилност
3. Важноста на EQ и релациите со луѓето 
4. Менаџирање на агилната промена
+

Агилен коучинг

Како да ја унапредиме културата и мајндсетот во рамките на тимот? Како да се справиме со предизвиците кои ги носат различните нивоа на развој на тимот и индивидуалците? Се чини дека коучингот како развојна техника одлично може да ни помогне во нашата мисија.

1. Развој на компетенцијата агилен коуч
2. Успешно водење на агилни настани
3. Професионален коучинг во агилен тим
4. Менторирање и подучување на тимот

Информирај се за обуки за развој на агилна култура

Споделете ги вашите потреби, а ние со задоволство ќе ви понудиме повеќе информации. Без обврзување!
Contact Us
top
0038971391959 info@doortraining.mk
© 2020 DOORTRAINING. Сите права се задржани.