Setup Menus in Admin Panel

Виртуелна продажба

Полека но сигурно навлеговме во векот на дигитална и виртуелна економија, каде со нов и иновативен пристап можеме да ги надминеме очекувањата на клиентите и да изградиме долгорочна партнерска врска, лојалност и висока репутација на пазарот.     

Овој тренинг се состои од повеќе алатки кои со правилна примена ќе го зајакнат продавачот со нови вештини на дигитална и виртуелна продажба, и ќе ја направат потребната разлика во очите на клиентот.

Цели на програмата

  • Да се развијат комуникациски и продажни вештини во виртуелна средина
  • Да се научат ефикасни техники за водење виртуелна продажба
  • Да изградат доверба и однос со клиентот и да му ја претстават вистинската вредност на производот или услугата
  • Да ја познаваат секоја фаза во процесот на виртуелно купување и својата лична улога во тој процес
  • Да научат техники на справување со приговори, преговарање и склучување на продажба во онлине услови

Теми

  1. Еволуција на продажбата во 21 век
  2. Градење мајндсет на услужливост и клиентска ориентација
  3. Sales Difference – Различност во продажбата
  4. Онлине проспектинг и планирање на продажбата
  5. Закажување на “виртуелен” состанок со клиентот
  6. Ефикасно водење “ладни повици” и брза презентација
  7. Водење продуктивен “Smalltalk” за градење допадливост
  8. Тактичка емпатија, преговарање и обврзување со клиентот
  9. Справување со секој вид приговори и склучување на продажбата
  10. Примена на корисни алатки за виртуелна комуникација

Пристап

  • Комплетен ONLINE процес на ZOOM
  • Испорака во 2 дена по 3 часа
  • Mетод на искуствено учење ELS©
  • Практични вежби и интеракција на Miro
  • Гамификација, предизвици и е-учење
  • Група од 12 лица поделени во тимови за работа на вежбите
  • Премиум работни материјали и книги
  • Испорака од искусен Master тренер
  • Дигитален сертификат и беџ од DOOR International

Пријави со пополнување на формуларот.

Се гледаме онлајн. Поздрав Илија!

Floating contact

Date

Jan 18 2022 - Jan 19 2022

Time

11:00 am - 2:00 pm

Cost

149 еур
Live ONLINE

Location

Live ONLINE

Organizer

doortraining
Phone
+389 70 206 383
Email
info@doortraining.mk

0 responses on "Виртуелна продажба"

Leave a Message

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0038971391959 info@doortraining.mk
© 2020 DOORTRAINING. Сите права се задржани.