
Вин-Вин Преговарање – Сертификација
Како да се постигне најдобрата можна спогодба?
Успешните бизнис преговори ја градат финансиската потпора на компанијата. Продажниот персонал треба да е решителен, фокусиран и ориентиран кон резултати. Воедно, продажниот персонал треба да ги поседува потребните вештини, а нивните супервизори потребните алатки за управување со резултатите од преговорите.
Фазата на преговарање е клучна и тогаш се одредува дали новиот клиент ќе ја зголеми вредноста на компанијата или ќе претставува товар. Во текот на фазата на преговарање исто така се одредува колку долго ќе се задржи односот со клиентот и како тој ќе ја промовира вашата компанија на пазарот.
Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат неколку теории на преговарање, интерактивни вежби, анализи на случаи и алатки кои продавачите можат веднаш да ги аплицират во пракса, со цел постигнување Вин-Вин исход, за клиентот и за компанијата.
Тренингот „Вин-Вин Преговарање“ им помага на учесниците да:
- Значителнода го зголемат уделот на пазарот на својот бренд
- Ја зголемат профитабилноста на компанијата
- Остварат повисоки маржи со намалување на попустите
- Процентуално ја зголемат реализацијата на договорите
- Ја зголемат предвидливоста на резултатите во процесот на продажба
- Се стекнете со повеќе лојални клиенти и подобра репутација на пазарот
- Ги зајакнете вештините на сите учесници на тренингот
Овој уникатен метод на преговарање е развиен врз база на искуствата на Chris Voss, авторот на книгата “Never split the difference”, главниот преговарач на FBI за кризни ситуации, гуру за преговарање.
“Преговарањето не е војување, тоа е процес на откривање. Целта е да откриеме повеќе информации за да постигнеме вин-вин ситуација.” – Крис Вос
Повеќе детали за тренингот во брошурата во прилог.

Пристап
- Комбиниран физички и онлајн процес
- Испорака во 2 дена или вкупно 16 часа
- Mетод на искуствено учење
- Практични вежби, студии на случај и игри на улоги
- Гамификација и е-учење
- Група до 12 лица поделени во тимови за работа на вежбите
- Премиум работни материјали и книги
- Испорака од мастер коуч – Илија Попјанев
- Сертификација акредитирана од: DOOR International
Пријави со пополнување на формуларот.
Се гледаме на 11ти Ноември, Поздрав!

0 responses on "Вин-Вин Преговарање - Сертификација"