
Извонредност во услугата – Сертификација
Кој е патот од задоволен клиент до високо профитабилен бизнис?
Дали да се фокусираме на конкурентите или е подобро клиентот да ни биде во фокус?
Полека но сигурно навлеговме во векот на емоционална економија, каде со надминување на очекувањата на клиентите можеме да изградиме долгорочна врска, лојалност и репутација. Добриот глас и репутација се шири со светлосна брзина, а креирањето позитивните емоции градат лојалност и повторна средба со клиентот.
Овој тренинг се состои од повеќе алатки кои со правилна примена ќе ја направат потребната разлика во очите на клиентот и ќе ви помогнат да креирате незаборавни искуства и позитивни емоции кај нив.
Цели на учење
- Разбирање што креира незадоволство кај клиентите
- Умешност за разбирање на клиентот, неговата лојалност и неговиот двигател
- Креирање услужен мајндсет и култура
- Услужни принципи како зајакнувачи на услужен ,,мајндсет,,
- Алатки за градење лојалност и задршка на клиентите
- Развој на клучни вештини потребни за развој на услужност
- Мерливост на услужно искуство и негово влијание врз клиентот
- Ефективно управување со поплаки и подобрување на услугата
- Градење на услужен дух како оптимизација на ,,wow,, ефектот
- Креирање личен план за развој и примена на алатките за услужливост
Повеќе детали за тренингот во брошурата во прилог.

Пристап
- Комбиниран физички и онлајн процес
- Испорака во 1 ден или вкупно 8 часа
- Mетод на искуствено учење
- Практични вежби, студии на случај и игри на улоги
- Гамификација и е-учење
- Група до 12 лица поделени во тимови за работа на вежбите
- Премиум работни материјали и книги
- Испорака од мастер тренер – Илија Попјанев
- Сертификација акредитирана од DOOR International
Пријави со пополнување на формуларот.
Се гледаме на 12 ти Декември, Поздрав!

0 responses on "Извонредност во услугата - Сертификација"