
Вебинар “Summit to Success”
Стратешко планирање со OKRs (Objectives and Key Results)
Организациите денес се соочуваат со невидена комплексност и волатилност, во услови на економски и политички кризи, брзо променливи пазари, технолошки нарушувања и еволуирачки очекувања на клиентите. Традиционалното стратешко планирање често не успева да ги усогласи тимовите, ефикасно да ги постави приоритетите и да ја претвори визијата во мерливи резултати.
На овој вебинар ќе се запознаете со нашата креативна солуција: Работилница за стратешко планирање со имплементација на OKRs, комбинирана со искуствено учење “Експедиција Еверест” бизнис симулацијата, врвно искуство на стратешко планирање и тимско одлучување.
Тимови од по 5 учесници, со ограничени ресурси (кислород, опрема), во 100% реалистичко искачување на Монт Еверест, ќе треба да го освојат врвот и безбедно да се вратат, да управуваат со ризици како лавини, бури, недостаток на кислород, под притисок на време. Оваа симулација ја одразува корпоративната стратегија: успехот зависи од дисциплинирано усогласување на целите, балансирано тимско носење одлуки и соработка, со само две можни исходи — „освојување на врвот или неуспех“ — кои ја нагласуваат тежината на предизвикот.
Вебинарот ќе трае 60 минути, стартувајќи од 13.00 часот, при што ќе се запознаете со моделот OKRs, неговите предности и бенефити, со примери од успешни примени во Google и сл. Воедно ќе се запознаете и со бизнис симулацијата “Експедиција Еверест“, како претхоник на работилницата за OKRs, која ќе ги изоштри клучните вештините на учесниците за успешно планирање преку искуствено учење во безбедна симулирана средина.
Погледнете ја брошурата на решението “Summit to Success” за повеќе инфо.
Домаќин: Илија Попјанев, тренер и коуч, DOOR Training & Consulting
Доколку имате интерес за учество на вебинарот, пополнете ја формата за пријавување или пратете директен потврден меил на info@doortraining.mk
Вебинарот ќе биде на ZOOM, следете го следниот линк:
https://us02web.zoom.us/j/88934134461?pwd=CpTlEOeQK0j8R9CbtWlJn9c7fntLKY.1
Meeting ID: 889 3413 4461
Passcode: 211950
Можете да го проследите линкот и до ваши колеги или пријатели кои сметате дека би ги интересирала темата.
Се гледаме на 28ми Октомври на Zoom,
Поздрав, ДООР Тренинг
Пријави со пополнување на формуларот.
0 responses on "Вебинар “Summit to Success”"