
Сертификациски тренинг – Продажба со фокус на клиентот (Customer Centered Selling)
Полека но сигурно навлеговме во векот на емоционална економија, каде со надминување на очекувањата на клиентите можеме да изградиме долгорочна врска, лојалност и репутација. Добриот глас и репутација се шири со светлосна брзина, а креирањето позитивните емоции градат лојалност и повторна средба со клиентот.
Овој тренинг е креиран од Роберт Џолес, авторот на бестселерот “Customer centered selling“, реномиран експерт за продажба на финансиски производи од УСА. Тренингот се состои од повеќе алатки кои со правилна примена ќе ја направат потребната разлика во очите на клиентот и ќе ви помогнат да креирате незаборавни искуства и позитивни емоции кај нив.

По завршувањето на овој тренинг, учесниците ќе бидат во можност да:
+ Ги подобрат своите продажни вештини, уверливост и влијателност
+ Научат како да ги употребуваат ефикасните техники за водење продажен разговор
+ Изградат однос со купувачот и му ја претстават вистинската вредност на производот
+ Стекнат високо ниво на само мотивација и желба за исполнување врвни резултати
+ Ја познаваат секоја фаза во процесот на купување и својата улога во тој процес
+ Научат да поставуваат вистински прашања и одлично да ги слушаат своите клиенти
+ Ги определат, освен очигледните, исто така и скриените потреби на купувачот
+ Научат техники на справување со приговори, преговарање и склучување на продажба

На овој тренинг ќе се опфатат следните теми:
+ Еволуција на продажбата во 21 век – Од врвна услуга до незаборавно искуство на клиентот
+ Зошто клиентите заминуваат? – Анкета и анализа
+ Ориентација кон клиентот – From service to customer centricity
+ Алатки за откривање на навиките на купување и фазите низ кои проаѓа купувачот
+ Тактики на отварање на продажниот разговор со користење неврзан разговор (small talk).
+ Убедување клиентот да направи промена кон решение кое има поголема вредност за него
+ Правилно поставување на функционални прашања и активно слушање
+ Емпатично слушање на клиентот, со цел опостигнување согласност за нужност од промена.
+ Моќна презентација по моделот FABEC и продажно раскажување – Sales Storytelling
+ Асертивно справување со приговори и тактики на склучување дополнителна продажба
+ Следење на клиентот и добивање препораки за нови клиенти.
+ Акционен план за личен развој

Тренингот ќе го води мастер тренер Илија Попјанев.
Тренингот е интерактивен со многу вежби, дискусии, теоретски блокови прилагодени на нивото на учесниците, играње улоги, студии на случај, симулации, работа во парови и во групи.
Материјалите за учесниците содржат преглед на клучните точки од тренингот, активности и вежби, како и индивидуален план за акција за секој учесник веднаш да го примени наученото во пракса.
Тренингот ќе биде усогласен со тековните продажни акции и производи, па учесниците ќе можат да ги применат научените алатки на работното место веднаш по тренингот.
Учесниците ќе добијат: работен прирачник, е-книги, сертификат од DOOR International
Инвестицијата изнесува 12.500 денари, со можност за плаќање на рати за физички лица. Следи и попуст за фирми при повеќе од 3 пријавени учесници.
Погледнете ја брошурата за повеќе инфо!
Се гледаме на 4-ти Ноември.
Поздрав, ДООР Тренинг
Пријави со пополнување на формуларот.
0 responses on "Сертификациски тренинг - Продажба со фокус на клиентот (Customer Centered Selling)"