Три основни видови на комуникација

Како реагирате кога соговорникот ве осудува, ви создава проблеми, а тоа кај вас создава напнатост, нервоза и стрес?

Агресивна комуникација – се јавува кај доминантни личности, кои го поседуваат тој осудувачки поглед на проблемот кој се јавува помеѓу вас и нив. Воглавно се поставуваат во положба која е над вас, со привидна улога на доделен авторитет, на пр. на родител или професор. Своите реченици главно ќе ги започнува со„Ти…“, искажувајќи го своето незадоволство кон вашите постапки, а не кон проблемот.

“Ти би требало да знаеш дека јас тоа не го сакам.”
Личностите кои не умеат или не сакаат да го искажат своето мислење за проблемот, користат пасивна комуникација.

Своите ставови гу чуваат за себе и вие не можете да знаете дали нешто им пречи или не, a акумулираат и впиваат негативни впечатоци за вас. Со тек на времето за нив тоа станува премногу и тие личности неочекувано преминуваат во агресивна комуникација и тоа се нарекува пасивна агресија.

Е сега доаѓаме до асертивната комуникација.

Таа означува разговор воспоставен на таканаречена „иста бранова должина“. Со примена на асертивните вештини вие се обидувате агресивната личност да ја„спуштите“, а поасивните личности да ги„подигнете“ на такво ниво на кое ќе се создаде атмосфера погодна за решавање на настанатиот проблем.

При асертивна комуникација, лицето тежнее да не ги практикува своите лоши страни и дава до знаење дека не му се допаѓа ниту негативниот став на соговорникот.

Пет чекори за асертивна комуникација.

 

1. Изразете се себе и сопственото мислење.
За да го започнете процесот, било вие или другата личност, неопходно е да се изрече личниот поглед на проблемот и својот став. Многу важна работа која често се заборава е да се побара фидбек од соговорникот, преку кој ќе видите далие потребно да го појасните својот став.

2. Слушајте.
Овој чекор е многу едноставен, a тоа значи да ја сослушате другата личност и нејзините погледи на проблемот. Вие своето го кажавѕе, тие разбраа, сега е ред на нив да го искажат својот став. Луѓето најчесто сметаат дека вештината на добрата комуникација е да се биде добар говорник, но често се заборава дека е многу важно да се биде и добар слушател. Исто така, поставувајте прашања и дајте свој feedback. “Види, тоа е интересно, јас не го гледав тоа на тој начин. Може ли да ми појасниш што точно те мачи?”

3. Барање решение.
Многу често се случува да се прескокнат првите два едноставни чекори, и тука настанува проблемот. Ако тие чекори се исполнети, настапува процесот на поставување прашања.
“OK, нашите мислења се разликуваат. Која е твојата цел? Дали постои нешто од што се плашиш? Дали нешто ти пречи?”
Со оваа постапка, преку подлабока анализа, двете страни осознаваат повеќе за мислењето и ставот на соговорникот. Кога, и покрај тоа што сме поминале низ овие три чекори, се случи мислењата да не се согласуваат поради фундаментални различности во ставовите, следи четвртиот чекор.

4. Кога ќе се согласиме дека не се согласуваме.
Постојат различни и чести случаи, ситуации, кога луѓето едноставно не се согласуваат. Може да станува збор за религиски теми, политички, различности поврзани со одредени групи итн. Овој чекор е чекор кој се однесува на нивоата на прифаќање.

 

Ние го прифаќаме фактот дека не можеме секогаш да го добиеме она што го сакаме. Не можеме секогаш да ги убедиме другите да веруваат во она во што ние веруваме и во природата тоа е сосем нормално. Следствено, кои ни се опциите?

Во оваа ситуација соговорниците се често под стрес и притисок и сакаат проблемот да го решат по секоја цена, повторно не доаѓајќи до компромис. Подобра опција е да вклучиме и трета личност во расправата прашувајќи ја за совет и мислење. Некој кој објективно и непристстрасно ќе даде свој суд. Затоа и постојат консултантски фирми, адвокати и слично. Но, за полесно да се дојде до решение, мораме да го достигнеме нивото на прифаќање.
“OК, тој и јас се разликуваме. Разочаран сум, но така е како е.”
Тоа нé остава единствено да се фокусираме на оној позитивен дел од нашиот однос. Тоа е петтиот чекор.

5. Рефокусирање.
Ова е чекорот кога се преиспитувате самите себе. Ситуацијата не се одигра како што сакавме, ама тоа е OK. Важно е да бидеме она што сме и да не губиме самодоверба. Да останеме позитивни.

Бидете асертивни што е можно почесто, тоа а важно, особено во вакви тешки кризи низ кои проаѓаме моментално.

До следно читање, поздрав U.F.O.

 

 

March 28, 2020

0 responses on "Три основни видови на комуникација"

Leave a Message

Your email address will not be published. Required fields are marked *

top
0038971391959 info@doortraining.mk
© 2020 DOORTRAINING. Сите права се задржани.